На судењето за „Монструм“ вештаци ќе ги презентираат трагите најдени во „опел омегата“

by fokus

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година.

Предметот се наоѓа во доказна постапка, односно се очекува да сведочат вештаци, кои направиле вештачење на трагите пронајдени во автомобилот „опел омега“. На минатото рочиште беше извршен јавен увид на возилото „опел омега“, во кој според обвинението се превезувале дел од извршителите на велигденскиот масакар.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Поврзани новости