Обединетата македонска дијаспора (ОМД), најголемата организација на Македонците надвор од Македонија по повод одлуката на претседателот Иванов за аболиција на сите обвинети политичари за кои се води судски процес или постои постапка на подигнување на обвинителен акт, базираjќи се на основните принципи на морал и етика, владеење на правото и практикување демократија во државите во кои работи и делува, најостро реагира на овој акт кој уште повеќе го нарушува интегритетот и меѓународниот углед на државата и на македонските граѓани во светот.
Од таму потенцираат дека секој граѓанин е еднаков пред законот и треба по судски пат да одговара за незаконски дејствија.
ОМД го повикува Македонскиот народ и другите етникуми во државата во овие моменти кога сериозно е нарушено градењето на морално и етичко општество, уште еднаш да ја покаже својата мурдост. ОМД очекува македонските граѓани, во претстојните денови и месеци, преку својот несомнен демократски капацитет, да реагираат храбро и мудро, со цел да се дојде до разрешница на кризата. Со продолжување на оваа криза најмногу од сите губат Македонија и македонските граѓани.