Германската Влада порачува: СЈО непречено да работи, да се сочува безбедноста во Македонија!

by Фокус

„Сојузната влада е длабоко загрижена за најавата на македонскиот Претседател на државата, проф. Ѓ. Иванов, на 12 април 2016 година. Очекуваме, принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни.

Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува понатаму и дека јавната безбедност ќе остане сочувана. Освен тоа, Сојузната влада се надева на брзо разјаснување на правните и политички прашања, кои произлегуваат од најавата на Претседателот на државата.

Од особено значење е, Специјалното јавно обвинителство, како што е предвидено со Договорот од Пржино, да може непречено да ја продолжи својата исклучително важна работа за институционално стабилизирање на државниот систем, која многу се цени од голем дел од македонското општество и од меѓународната заедница.

Покрај тоа, сите партии би требало да ги засилат своите напори за создавање на минимум предуслови за избори, соодветни на европските стандарди.“

Поврзани новости