ОМ поддржува реформска влада на чело со Заев

by Фокус

Обединети за Македонија соопшти дека претседателот Ѓорге Иванов покажал државност со тоа што му додели мандатот на Зоран Заев.

Исто така, од таму го поздравуваат чинот на гарантирање на унитарноста на државата, со што, според партијата на Љубе Бошкоски, беа отфрлени сите шпекулативни дејства, врзани за територијалниот интегритет и суверенитет.

Воедно, ОМ дава целосна и недвосмислена поддршка за формирање на нова реформска Влада на чело со Заев.

Поврзани новости