Алијанса за Албанците: Мандатот за Заев е почеток кон формирање на реформска влада

by Фокус
Алијансата за Албанците го поздравува чинот на доделување на мандат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, оценувајќи го овој чин како почеток за создавање на една реформски ориентирана Влада, која ќе биде еднаква зa cите свои граѓани, преку отварање на демократски, перспективни и интеграциски патеки за Македонија.
„Граѓаните на РМ заслужуваат праведно владеење основано врз универзалните начела и вредности. Функционирањето на правната држава ќе претставува гаранција за еден што побрз пат на Македонија кон НАТО и ЕУ“, стои во соопштението на Алијансата.
Инаку, мандатарот Заев денеска изјави дека ќе преговара со ДУИ, БЕСА но и со Алијансата за Албанците, чиј фронтмен е Зијадин Села, за формирање на нова влада за помалку од 10 дена.

Поврзани новости