СОНК на јавни протести во среда низ цела Македонија

by Фокус

Сите просветни работници во среда ќе излезат на јавни протести со цел да извршат дополнителен притисок врз Министерството за образование да седнат на преговарачка маса, а во меѓувреме штрајкот на СОНК продолжува.

Тој протест некаде ќе биде протестен марш, а некаде  собир на нашето членство на едно место. Ќе биде предупредувачки , па доколку ресорните министерства и понатаму не покажат слух за преговорите со СОНК тој ќе премине во јавен  протест кој ќе се одржи во петок во Скопје – истакна Јаким Неделков претседател на СОНК

Според него, дел од членството на СОНК кое е веќе две недели во штрајк нема да се откаже од барањата, особено не од најспорното – измена на моделот на екстерно оценување  и покрај како што рече, секојдневното зголемување на притисоците.

Поврзани новости