На денешната конвенција, ВМРО-ДПМНЕ избра кандидатот за претседател на државата кој е поранешен министер во владата на СДСМ и жесток противник на Преспанскиот договор, реагираат од Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски.
„Со партиски избор на навидум натпартиски кандидат, се прави обид за повторување на „методот Иванов“ од 2009 година. Тогашната академската заедница го иницира и се заложи за Иванов, за тој потоа да ја добие, оправда и одработи агендата на ВМРО-ДПМНЕ, односно на ДПМНЕ. Следејќи ги внимателно говорите на кандидатите, видовме дека некои се претставуваат натпартиски, а веќе денес искажуваат култ кон Мицкоски! Други пак, се служеа со фашистички реторики и лажен национализам, трети бараа дом во ДПМНЕ по поминати бројни партии, а видовме и докажани комунисти, сврзани со белградско-московската линија“, велат од ОМ.
Од таму додаваат дека меѓу делегатите забележале нивни поранешни членови, кои, според владејачката партија, се луѓе со нечиста совест кои го креираа политичкиот реваншизам на ДПМНЕ против партискиот лидер Бошкоски.