– Очигледна беше желбата на оваа власт за уништување на критички настроените новинари. Но, изгледа нив повеќе ги уништи тајниот увид кој го имаа со прислушувањето во нашите професионални и приватни планови. Сметам дека тие ќе бидат губитници од операцијата која требаше да ги стави во предност, вели новинарката Оливера Трајковска во интервјуто за Ал Џезеира Балканс.
На прашањето на новинарот од Ал Џезеира, Адмир Фазлагиќ, како ќе се рефлектира сознанието за прислушувањето на новинарите, Трајковска одговара:
– Едно е сигурно. Самиот чин на прислушкување на нашите приватни,дури и професионални разговори нема да им помогне во креирањето на јавните политики,секако, ова нема да допринесе ниту,да ние новинарите бидеме похрабри и подобри. Едноставно, професијата не може да почива само на тој гол мотив како ни е се јасно и како ние мораме да го одработиме нашиот дел од работата.
Оливера Трајковска вели дека за неа прифатливо решение за целата политичка криза би било формирање на експертска влада, бидејќи овде не се работи за трансфер на власта само помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Таа додава дека СДСМ со тоа што ја објавила неправдата, не е фаворит во однос на политичката понуда за во иднина. Според неа, се додека се држиме до формулата „ВМРО да падне, СДСМ да дојде на власт“ нема да биде возможно да се постигне значаен успех.