На овогодинешниот Саем на книга од 8-ми до 14-ти септември, со своја понуда ќе се претстави Оливера Ќирковиќ, авторката на бестселерот „Пинк Пантер“.
Ќирковиќ е добропозната на македонската читателска публика по својата книга „Пинк Пантер“.
Засега се издадени два дела од трилогијата „Пинк Пантер“, кои воедно се преведени на македонски јазик.
Првиот дел „Исповед“ и вториот дел „Архондиса“ неодамна се издадени на македонски јазик, а авторката е самостоен издавач на овие две книги.
Третиот дел од трилогијата излегува од печат специјално за македонската публика и ќе се најде на Саем на книга веќе од 10-ти Септември.
Освен на македонски јазик, првиот и вториот дел ќе бидат достапни и на српски јазик, додека третиот дел од книгата ќе биде достапен само на српски јазик.
Засега, третиот дел од трилогијата „Пинк Пантер“, наречен „Враќање“ („Повратак“), не е достапен ниту на српскиот пазар.
Тој директно од печатница стигнува на штандот на Оливера Ќирковиќ на Саемот на книга на 10-ти Септември.
Инаку, оваа година Саемот на книга посетителите ќе имаат прилика да го проследат на отворено А1 Арена во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Саемот ќе започне на 8ми Септември и ќе трае до 14ти Септември, а ќе се почитуваат и сите здравствени протоколи.