Олбрајт: Треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува обврските кон ЕУ

by Фокус

Мислам дека е целосна трагедија тоа што после долгото време потрошено на решавање на прашањето за името со Грците, Бугарите истакнаа барања за Северна Македонија поради домашни причини, порачува Медлин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД.

На денешното сослушување пред Комитетот за надворешни работи при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Олбрајт на прашање од конгресемнот Грегори Микс, Олбрат рече дека новата администрација на Џо Бајден треба да работи со Брисел за земјите аспиранти во ЕУ да не останат во чекалната поради своите соседи. 

-Фактот дека Грците успееја да дојдат до договор, а на ова се потроши толку многу време и се работеше толку напорно, мислам дека е трагедија, и тоа севкупна, тоа што Бугарите, заради домашни причини, го истакнуваат сега ова – изјави Олбрајт, додавајќи дека треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ.

Инаку, е првата жена во историјата на САД која служела како државен секретар. Таа на оваа позиција таа беше од 1997 до 2001 година во Администрацијата на Бил Клинтон, во време на конфликтот во Косово и бомбардирањето на поранешна Сојузна Република Југославија од страна на НАТО и САД.

Поврзани новости