Оља Бечковиќ: „Вучиќ на телефон, никогаш веќе да не си ми се јавила!“

by Фокус

Познатата српска новинарка Оља Бечковиќ која последниот месец води вистинска војна со матичната телевизиска куќа „Б92“ за емисијата „Утисак недеље“, во последното интервју за „Истиномер“ обелодени уште фрапантни информации околу комуникацијата со премиерот на Србија, Александар Вучиќ.

Имено, како што раскажува таа, при крајот на минатата година по едно од нејзините телевизиски интервјуа Вучиќ ѝ се јави и ѝ рекол:

– Вучиќ на телефон, и никогаш веќе да не ми си се јавила, нема ни јас да ти вртам – рекол премиерот.

Новинарката јавно се прашува што е овој телефонски повик, ако не гол притисок на власта врз медиумите.

Целото интерјву можете да го погледнете на ова видео.

Поврзани новости