Првите резултати од тестирањето на вакцината за коронавирус, во чиј развој соработуваат Универзитетот во Оксфорд и компанијата Астра Зенека, покажаа дека производот стимулира силна реакција на имунолошкиот систем кај повозрасните лица, пишува лондонскиот дневен весник „Фајненшл тајмс“ од сигурни извори .
Првите тестови покажале дека новата вакцина предизвикува силен имунолошки одговор кај населението на возраст од 18 до 55 години, но во текстот на „Фајненшл тајмс“ се предупредува дека некои истражувачи посочуваат дека тестовите не се гаранција дека вакцината може да се смета за дефинитивно безбедна и ефикасна кај постарите пациенти.
За „Астра Зенека“, која работи на вакцината со Универзитетот во Оксфорд, се смета дека е најблиску до успешното откривање на сигурна вакцина против корона.