Околу педесетина лица од Украина има во Македонија, дали има нарушување на состојбата?

by Fokus

Во овој момент безбедносната ситуација е стабилна и мирна, без никакви индикации за нарушување. Ние секогаш имаме предизвици во делот на тероризмот или на миграцијата, што е исто така еден од потенцијалните безбедносни ризици не се само за нас, туку и за сите земји во овој регион и пошироко, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, осврнувајќи се на безбедноста во земјава.

– Со добрата координирана активност која што ја имаме заедно со нашите безбедносни служби, АНБ, Агенцијата за разузнавање, МВР и другите агенции за спроведување на законот во овој дел, на дневно ниво разменуваме целосни информации и податоци и ги следиме трендовите, така што немаме никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба и заради тоа граѓаните можат да бидат спокојни, нагласи Спасовски по настанот на кој со словенечкиот министер за внатрешни Алеш Хојс, кој е во официјална посета на земјава, беше потпишан Имплементациски договор помеѓу владите на Северна Македонија и Словенија за борба против трговија со луѓе.

По потпишувањето на договорот, Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање околу состојбата со украинските бегалци во земјава, рече досега во земјава дека се дојдени околу педесетина лица од Украина.

– Досега немаме некоја поголема бројка, околу педесетина луѓе, кои се украински државјани или украински државјани коишто се во брак со македонски државјани. Значи, нивните семејства се тука и сите се дојдени со претходна нивна организација, приватно. Во овој дел сега немаме некаков посебен притисок за доаѓање на мигранти, што не значи дека тоа нема да ни се случи, заради тоа што она што навистина се случува во Украина е многу страшно и ние мора да подадеме пријателска рака на оние луѓе коишто бегаат од една таква агресија и од она што му се случува на украинскиот народ, наведе Спасовски.

Поврзани новости