Околу 40.000 дози од „АстраЗенека“ пристигнуваат денес, утре 100.000 од „Синофарм“

by fokus 12:52
12:52

Околу 40 илјади дози од вакцината „АстраЗенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во земјава, а веќе утре 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“ кои се донација од кинеската Армија.

Од новите дози на „Астра Зенека“, 24 илјади ќе бидат наменети за ревакцинација, а со останатите ќе се вакцинираат оние граѓани над 70 години кои дополнително се пријавиле за вакцинација. Приоритет, како што денеска изјави министерот за здравство Венко Филипче, ќе им се даде на нив, а младите ќе причекаат за вакцинација.

- Advertisements -

– Продолжуваме да ставаме акцент на постарите граѓани дополнително пријавени после пресекот од 30 април кога беа пријавени вкупно околу 140 илјади граѓани. Сега се вкупно околу 160 илјади граѓани. Околу девет илјади од овие дополнително пријавените, се граѓани над 70 години и со нивниот опфат околу 42 проценти од вкупно население над 70 години ќе бидат вакциирани, изјави Филипче.

Според него, имунизацијата на населението се одвива прилично добро и досега се вакцинирани околу 150 илјади граѓани од кои 30 илјади се веќе ревакцинирани.

Останува на ставот дека до утре или најдоцна до понеделник ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани за вакцинација.

Во однос на реакциите од граѓани кои уште на почетокот се пријавиле за вакцинација, а се уште не се викнати, Филипче појасни дека во некои општини се викнати и помлади граѓани затоа што таму била исцрпена листата за вакцинирање на повозрасните граѓани.

– Тука е таа дискрапанца. Но, на почетокот на оваа недела одлучивме дека таа граница ќе биде 40 години и оние помлади од 40 години нешто повеќе ќе почекаат. Акцент ставаме на постарите, рече Филипче.

Поврзани новости