Околу 300 кревети се празни во ковид-центрите во земјата

by Фокус

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.329, додека моментално има околу 300 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатото деноноќие, во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 59 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за ковид се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти, во болницата во Штип 55 пациенти, на инфективното одделение во Тетово 31 пациент, во Велес 62, а во Куманово 104 итн.

 

 

Поврзани новости