398
Повеќе од 298.000 луѓе во Сирија мораа да ги напуштат своите домови по разорниот земјотрес, изјави денес министерот за локална администрација и животна средина Хусеин Махлуф, пренесоа државните медиуми.
Тој рече дека бројот на жртвите од земјотресот досега се искачи на 1.262, а 2.258 лица се повредени во делови на Сирија кои се под контрола на сириската влада, пренесе Си-Ен-Ен.
Нашата земја не е во состојба да се справи со вакви катастрофи, особено поради загубата на 50.000 градежни машини и опрема поради војната, што ни е очајно потребно во оваа катастрофа, рече Махлуф на прес-конференција во Дамаск, пренесоа државните медиуми.
Махлуф рече дека владата отворила 180 засолништа за раселените лица.