776
Околу 150 амандмани се поднесени кон владините законски предлози во образованието, за кои денеска треба да расправа матичната собраниска комисија за образование, наука и спорт.
Овие амандмани главно се однесуваат на Законот за високо образование и поднесени се од страна на пратеничката Солза Грчева, опозициската ДПА, како и владејачките Демократски сојуз и ДОМ.
Од Професорскскиот пленум и Студентскиот пленум не доставија ниту еден предлог, бидејќи од таму сметаат оти предлог-законските измени треба да се повлечат и да со утврдат по сеопфатна и инклузивна дебата.