Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 најави дека месецов треба да стигнат повеќе илјади вакцини од различни производители.
-Во месец април треба да ни стигнат, согласно најавите, 200 илјади кинески вакцини, одФајзер околу 11.000 и 25.000 преку земјите членки на ЕУ. Исто така, треба да стигне и одреден дел од Спутник. Останатата количина од АстраЗенека преку Ковакс, што се близу 300.000 исто така ја очекуваме согласно најавите. Системот го поставивме, сега системот само ќе се надополнува. Вакцинирањето нема да запре. Распоредите се прават за следните недела или две. Некаде околку 15ти април, според најавите, треба да стигнат 76 илјади од Ковакс (АстраЗенека), и околку 19ти треба да стигнат вакцини од Фајзер. Исто така околку 20ти треба да стигнат фајзеровите вакцини преку ЕУ. Ова е како што ни најавуваат, можно е да има одложување поради производителите, претпазлив е Филипче.