Убијците на водачот на „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки дошле до луксузниот ресорт каде престојувал со патничко возило со странски регистерски таблици, а не со мотор како што првично беше објавено.
Грчките медиуми објавуваат нови информации за убиството што се случи во петокот кон саботата во Ханиоти, Халкидики и повикувајќи се на извори од истрагата пишуваат дека полицијата има видео снмика од возилото што го користеле напаѓачите.
Според полициски извори, возилото што го користеле извршителите на убиството не ги поминало границите на државата, но не се исклучува сторителите да го оставиле само возилото, додека тие ја преминале границата надвор од Грција користејќи други начини.
Двајцата сторители, како што пренесува ЕРТ, откако излегле од автомобилот го прескокнале ѕидот, стасале пред големиот стаклен прозорец и со пиштол калибар 32 милиметри од надвор пукале кон лицата во куќата. Испукале 19 пати. Оки беше смртно ранет, а Сеад Слезовиќ повреден.
Вориа пишува дека убиството се случило пред очите на две жени во тој момент, рано утрото околу 3 часот и 30 минути во саботата почнале да викаат помош и потоа заедно со третото лице ги однеле двајцата застрелани во Здравствениот дом Касандра. Петте лица биле на возраст од 19 до 45 години, сите од Северна Македонија,
Грчката полиција била известена со повик на 112 дека во тој момент се слушнале гласови кои повикуваат помош. Истрели не слушнале пријавителите на настанот.
Триесет и деветогишниот Оки, кој беше смртно ранет, како што пишуваат грчките медиуми, наводно се криел во Грција знаејќи дека тој е следната цел.
Најава дека се спрема убиство на Бајрами била објавена на ТикТок минатиот петок.
Поточно, објавена е фотографија со 39-годишникот на која пишува „наскоро доаѓа“, додека луѓето од десно и лево имаат црвен х. Вчера од истиот профил е објавена истата фотографија на која на 39-годишникот му е додаден црвен х, пишува Вориа.
Од начинот на кое е извршено убиството, грчките власти од почетокот претпоставувале дека се работи за договорена егзекуција.
Во овој контекст, тие ја поврзуваат мафијашката егзекуција на 39-годишниот Орхан Бајрами со уште едно убиство пред околу три месеци во Скопје, во „Шиша бар“.