ОЈО за убиството во Чаир: Имало вербална расправија, по што момчето било застрелано

by fokus

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидна екипа на Министерството за внатрешни работи врши увид на местото на настанот каде денеска околу 18 часот е застрелано едно лице, извести вечерва ОЈО.

-Настанот се случил во непосредна близина на местото на живеење на сега починатото лице, на улица Џон Кенеди спроти Средното училиште Цветан Димов во скопската населба Чаир. Првичните сознанија се дека пукањето следело по вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, по што сторителот посегнал по огнено оружје и го застрелал 24 годишното момче. Од здобиените повреди кај жртвата настапила смрт. Стоителот се дал во бегство, велат од ОЈО.

По наредба на јавен обвинител се подигаат траги од лице место кои ќе бидат предмет на обработка. Издадена е и наредба за обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Скопје работи на утврдување на фактите во кривично правниот настан за што јавноста ќе биде дополнително информирана.

Поврзани новости