ОЈО Струга: Интензивно работиме да го откриеме убиецот на Дилавер Бојку Леку

by Fokus

Струшкото јавно обвинителство утрово информира дека интензивно се преземаат мерки и активности за откривање на сторителот на кривичното дело – убиство на Дилавер Бојку, сопственик на ресторан и на плажата „Аква блу“.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга, заедно со увидна екипа од СВР Охрид – ПС Струга вчера изврши увид на лице место каде што беше убиен сопственик на ресторан. Според првичните информации, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот „Аква блу“ во Струга.Од лице место се подигнати траги и тие веднаш се дадени на вештачење, додека по наредба на јавниот обвинител, на телото на починатиот ќе се изврши обдукција“, се вели во известувањето од струшкото обвинителство.

Поврзани новости