524
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот на 4 декември, во својот дом во село Глумово, заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 6.3 грама. Дрогата била одземена при претрес на домот од страна на овластени службени лица, соопшто ОЈО Скопје.