Екоцентар: Во ОХИС затекнавме хемикалии складирани над 20 години

by Фокус

Компанијата што врши отстранување и уништување на опасните хемиски материи во ОХИС – “Екоцентар 97”, која влезе во центарот на јавното внимание откако се излеа токсична хемиска материја, објаснува дека проектот опфаќа третман на 11 различни видови опасен отпад лоцирани во кругот на фабриката, кои, како што посочуваат, биле складирани во дотраени и оштетени садови повеќе од 20 години.

„Согласно увидот што го направилвме, беше изготвен Инвентар на хемиските материи/отпад по методологија на претпоставени количини врз основа на декларирана количина истакната на постоечките пакувањa на хемикалиите/отпадот и на димензиите на садовите и резервоарите во кои тие биле складирани. Од изготвениот Инвентар на хемиските материи/отпад беше утврдено во најголем дел несовпаѓање на огласените со констатираните количини отпад“, велат од компанијата.

Од таму додаваат дека утврдување и прецизно евидентирање на точните количини од секој поединечен тип опасен отпад се вршел при самиот процес на преточување и препакување на супстанците, кој започнал по одобрувањето на Елаборат (Јуни 2019 година), така што досега, според компанијата, сите количини на опасен отпад, со исклучок на Винил Хлоридот, се уредно измерени и евидентирани при процесот на преточување и препакување.

Поврзани новости