Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави, како и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите, велат од Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во однос на информациите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ дека полицајци, началници и функционери во Прилеп се организирале за да заплашуваат политички противници на денот на изборите, од Обвинителството велат дека се проверуваат наводите.
– До надлежното основно јавно обвинителство се доставени наводите со насоки истите да се проверат и доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела, да се постапи согласно законските надлежности, велат од Обвинителството и ја потсетуваат јавноста дека во функција е електронската адреса izbori@jorm.mk на која можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето.