ОЈО бара притвор за анестезиологот кој снимаше пациентки за ТикТок

by fokus

ОЈО Тетово поведе постапка против анестезиологот кој емитуваше видео во живо на социјалната мрежа ТикТок во кое прикажуваше пациентки и персонал на Гинекологија во Тетово. Обвинителството бара определување мерка притвор.

-Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.2 во врска со ст.1, како и Неовластено снимање според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.
Осомничениот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, соопштија доцна вечерва од ОЈО.

Поврзани новости