430
Вчера во 16.45 часот на ул. „Сирма Војвода“ во Охрид, 15-годишно девојче од Охрид, управувајќи мопед „Ханг лонг“ со охридски регистарски ознаки, изгубилo контрола над мопедот и со истиот се излизгалo по коловозот.
Од падот девојчето се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.