Скопјанец удрил дете кое возело велосипед

by fokus

Вчера во 13.13 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека на ул. „Александар Урдаревски“, В.В. (32) од с.Мирковци, скопско, управувајќи патничко возило „Мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, удрило во 10-годишно момче од Скопје, кое возело велосипед.

При ударот детето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости