634
Земјотрес со магнитуда од 2.8 степени според Рихтер е почувствуван вечерва во 22.07 часот во охридското епицентрално подрачје.
Според сеизмолозите, се работи за афтершокови по големиот земјотрес што се случи вчера со јачина од 5 степени според Рихтер.
Од 18 јуни до денес во охридскиот регион регистрирани се над 1000 земјотреси.