На овој линк (https://www.facebook.com/OhridSOS/) може да ги погледнете фотографиите од моменталната состојба на Охридското езеро. Фотографиите се објавени од Охрид SOS (не СТОП ОПЕРАЦИЈА СОРОС) туку граѓанската иницијатива која се грижи за Охридското Езеро.
За што станува збор, објаснува и нивниот ироничен коментар на оваа тема: „А ова на сликиве шо го гледате, сетоа тоа е природна колоритност, каква нафта какви хемии кои загадуваат, оваа шареноликост има за цел туристи привлекување, та не знаевте ли? Исто како што и намалувањето на количината на вода има за цел создавање нови крајбрежни плажички на кои и парапетчиња допрва ќе им заличат, со медитерански песок плажарски, бидејќи развој е не е шала.“
На сево ова фали уште едно парапетче од 20 сантиметри за се да биде според посакуваното и планираното, нели?
Е сега, оваа граѓанска иницијатива веќе долго време повикува за заштита на Охридското езеро, приложувајќи голем број докази и начини како тоа да се направи. Но, како и секогаш и за се во Македонија, надлежните се глуви за повиците од којшто не се профитира и не се собираат политички поени. Па можеби кога ќе почнеш да им ги одзимаш политичките поени, ќе сфатат дека нешто треба да се преземе. Се уште не е доцна, Охридското езеро се уште не ја напуштило Македонија, па имаме шанса и да го спасиме. Како? Па поченете со поддршка на Охрид SOS.