Охриѓанец заврши во притвор, нудел мито да не му пишат казна

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 19.35 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.Ј.(59) од Охрид.

Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Поврзани новости