Охриѓанец сакал да влезе во казино со автомобил

by fokus

41-годишен жител на Охрид заработи кривична пријава, откако стори кривично дело „предизвикување општа опасност“, откако сакал со автомобилот да влезе во казино.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Р. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „предизвикување општа опасност”.  На 01.09.2018 околу 00.20 часот пријавениот, управувајќи патничко возило, се обидел со возилото со голема брзина да влезе во казино на ул.„Партизанска” во Охрид“, велат од МВР.

Поврзани новости