Со велосипед од Велес до Истанбул и назад: Во Грција се понудија за решавање на проблемот со името!

by fokus 14:00
14:00

Велешаните Дејан Митров и Коста Тахов пред неколку дена направија подвиг кој секако е за поздравување и голема почит.

Тие со своите велосипеди поминаа околу 1.500 километри на релацијата Велес – Истанбул – Велес. Патешествието траело вкупно две седмици.

- Advertisements -

Како што раскажаа тие, оваа авантура поминала без огромни проблеми, а временските неприлики не ги премислиле за ваков подвиг.

 

Тие возеле по 120 до 200 километри на ден, а не направиле никакви прекачувања во автобуси, возови, автомобили.

Силниот ветар и временските неприлики не го поколебале овие велосипедисти да се откажат од зацртаната цел – да го посетат Истанбул и Турција.

Прво место за одмор бил Дојран, од каде и излегле преку границата во Грција. Секакви луѓе сретнале по градовите и биле пречекувани со насмевка, кафе, сместување и ладна вода.

Како што раскажаа овие велосипедисти, некои од грчките граѓани се понудиле и да го решат проблемот со името во Грција.

 

Жителите на нашиот јужен сосед биле изненадени кога Коста и Дејан им кажале дека доаѓаат од Велес.


Во Грција спиеле во шатори во Кавала и Александрополис, а се соочиле и со одредени проблеми на патот.

Биле пресретнати и од кучиња, а борбата со силнот ветер им предизвикувала дополнителни проблеми.

На границата со Турција ги пречекала гранична полиција, поздравувајќи ги за нивниот авантуристички подвиг.

Во Текиргад решиле да се одморат во бензинска станица, а по долго возење конечно се сретнале и со нивниот пријател Волкан Дорткардеш.

Стигнале во Истанбул и два дена решиле да одморат во турската престолнина.

Двајцата биле изненадени од убавината на Истанбул, а прошетале и во азискиот дел на овој град.

Бидејќи биле во трка времето, морало да се вратат за Македонија, а по патот направиле одредени измени за враќањето. Се вратиле преку Драма и Серес, а во Дојран повторно одмориле.

Со три дупнати гуми и полни со спомени од авантурата и без никаква финансиска поддршка, Коста и Дејан пред неколку дена се вратија во Велес.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости