424
42-годишен охриѓанец заработи кривична пријава, откако минатиот месец физички ја нападнал неговата поранешна девојка, нанесувајќи и тешки телесни повреди.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка телесна повреда”. На 09.09.2018 година околу 16.45 часот на улица „Марко Цепенков” во Охрид, по претходна вербална расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата поранешна девојка М.Г.(23) од Охрид и и нанел тешки телесни повреди.“