423
Во секторот за внатрешни работи во Охрид синоќа во 01.30 часот било пријавено нарушување на јавниот ред и мир. Како што информираат од полицијата охриѓанец со иницијали О.М. фрлил предмет во тоалетот од еден угостителски објект, предмет кој испуштал силна миризба, велат од МВР.
Поради тоа три лица од Скопје се пожалиле на болки и солзење од очите.
„Набргу била повикана итната медицинска помош со чие возило лицата се пренесени на очното одделение во Општата болница во Охрид каде им е укажана неопходна медицинска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот“, додаваат од МВР.