Охисовци на протест: Ќе кршиме и ќе палиме, сакаат парите за нашите плати да ги наменат за чистење на линданот

by fokus 11:25
11:25

Над стотина поранешните вработени во „Охис“ денеска се собраа на протест пред Сојузот на синдикати на Македонија, каде бараат помош за да им бидат исплатени задоцнетите 24 плати, кои поранешниот комбинат им ги должи на над 1.000 работници откако влезе во стечај.

Протестот е испровоциран од информацијата дека парите наменети за исплата на нивните плати, ќе бидат пренаменети. Охисовци велат дека наводно во план е средствата да се искористат за чистење на токсичниот линдан од дворот на Охис.

-Парите од продажбата се легнати на сметка, но сега слушаме дека сакаат да ги пренаменат. Бараме помош од Синдикатот, а може и ќе се придвижиме пред Влада да протестираме. Најавуваме дека ќе го интинзивираме протестот, дека ќе кршиме, ќе лупаме по тенџериња и ќе палиме ако нема слух за нашите барања да ни се исплатат платите што ни ги должат – велат стечајците.

На почетокот на годинава беше објавено дека Охис е продаден на фирмата „Хемиски инжинеринг“ која плати 7,1 милион евра за дел од имотот кој не беше продаден во извршни постапки. Во Централниот регистер стои дека позади „Хемиски инженеринг“ стои извесен Горјан Максимовски и компанија од Јужноафриканската република „Стил ен прешур инженеринг“ (Steel and preassure engineering).

Поврзани новости