Огромен респект и поддршка за жената што го пријавила гинекологот дека ја лажел за бременоста!

by lali 23:01
23:01

Огромен респект и поддршка за жената што го пријавила гинекологот дека ја лажел за бременоста. После нејзиното сведоштво, уште неколку жени се јавија за таков или сличен случај со истиот гинеколог. За сето тоа да го сториш потребна е огромна храброст и жртвување.

Имајќи го предвид нашето општество кое секогаш е подготвено површно да осудува, ставајќи ја во тешка позиција, дури и потешка од сето тоа страдање што го доживеала преку прегледи, лекарства и добивање лажна надеж од докторот, оваа жена за мене е голем борец и преставува пример за секој еден од нас што можеби бил и ќе биде изложен на исти или слични лаги и манипулации.

- Advertisements -

Отварајте очи и уши. За секој проблем, разговарајте и консулитрајте се со вашите семејства, вашите пријатели и колеги, вашите блиски. Кренете го гласот. Верувајте, секогаш ќе се најде некој од нив да ви помогне.

Поврзани новости