411
Украинец на возраст од 38 години бил ограбен синоќа додека одмарал во своето комбе, паркирано на бензиска пумпа во Градско.
„На 14.07.2018 година во 09,00 часот во Полициска станица Велес, Р.Л.(38) од Р.Украина пријавил дека ноќта околу 03,00 часот, на бензинска пумпа во близина на Градско, додека бил паркиран и одмарал во неговото комбе „Рено Трафик“ со национална ознака на Р.Украина, од страна на непознат сторител одземена му е чанта во која имало две патни исправи, неколку платежни картици, 1,500 евра и други документи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот“, велат од полицијата.