Ограбиле 16-годишно момче, не им го дал мобилниот телефон и го претепале

by Fokus

Тројца разбојници ограбиле 16-годишно момче, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, вчера во 20.00 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Ј.Т. (47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот на ул. „11-ти Октомври“ три непознати лица извршиле разбојнишво врз неговиот 16-годишен син.  Сторителите го пресретнале и му го побарале мобилниот телефон. Тој одбил да им го даде, по што лицата физички го нападнале, а едното од нив му се заканило со нож. Сторителите го одзеле телефонот и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости