514
Во полицискиот билтен стои информација дека вчера во 21.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 17.00 часот во домот на М.Д.(88) од Скопје на подрачјето на Аеродром, машко и женско лице со закана му одзеле паричник со пари и лични документи, како и два мобилни телефона.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.