Огнената група од ДУИ е огорчена што од медиумите дознала за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ дека тие самите заминале од партијата. Велат дека ова е манипулација на раководството.
-Не се „самоисклучивме“, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата со партискиот статут. Не бевме поканети на состанокот како членови на Претседателството, што претставува повреда на статутот и законските обврски на органите на партијата. Ваквото раководење со партиското тело е самоволно и недемократско. Членовите на Претседателството ги избира Генералниот Совет и само тој може да ги разрешува истите, според законски процедури. Бараме да престане манипулирањето на јавноста преку зборови, сериозно да се внимава на внатрепартиските несогласувања, како резултат на сквернавењето на демократијата, меритократијата и партискиот статут“, велат од фракцијата.
Тие додаваат дека како фракција ќе продолжат да се борат со сите демократски и политички средства.
-Ќе продолжиме да се бориме со сите демократски, политички и меритократски средства, за зачувување на вредноста и придонесот на сите Албанци, кои никогаш не престанаа да ја поддржуваат и да ја доведуваат до апсолутна победа, политичката формација ОВК, именувана како Демократска унија за интеграција“, порачаа од фракцијата.