Услови што треба да се исполнат:
Одгледувачите-производители да поседуваат валидно Одобрение за одгледување на коноп, издадено од Министерството за здравство по претходно добиена согласност од Владата на РМ, како и дополнителна потврда на сообразноста на постапките од одгледувањето до сушениот цвет во финално транспортно пакување.
Одгледувачите-производители на канабис (коноп) да ги поседуваат следните документи кои на Реплек Фарм ДООЕЛ би му би овозможиле сушената растителна маса да ја користи за екстракција и понатамошни фази до финални производи за медицинска намена, со квалитет и документација прифатлива за домашниот и странски пазари:
– Flow- chart за следливост на правното лице (лица) кои ги вршат активностите од фазата на набавка на материјалот за сеење/садење, одгледување, собирање, сушење, селектирање, обработка, уситнување, деконтаминација и др. фази кои може да се вршат до пакување во контактна амбалажа.
– Доказ за запишување на секое правно лице (лица) во Централниот регистар на РМ, за соодветните активности кои ги изведува во процесот
– Спецификации за квалитет на употребениот семенски материјал или друг материјал за сеење/ садење, квалитет на почва и вода
– Лабораториски наод од анализа на употребениот семенски материјал или друг материјал за сеење/садење, почва и вода, издаден од сертифицирана/акредитирана лабораторија (лаборатории)
– Вариетет на Cannabis хербата и нејзин дел (херба, цвет, лист и др.), кој завршува во транспортно пакување
– Лиценци, Сертификации, Акредитации кои ги поседува правното лице (лица) кои се дел од процесот во однос на услови на одгледување на Cannabis (GACP) и сите последователни фази на обработка на хербата до доведување до сушена растителна маса во транспортно пакување (задолжителен е Сертификат на усогласеност со начелата на Добра Производна Пракса – GMP, издаден од МАЛМЕД, предност се имплементирани релевантни ISO стандарди и Сертификат на усогласеност со EU GMP нормите за соодветните активности)
– Спецификација за квалитет на сушената растителна маса (параметарот “Губиток со сушење” да изнесува ≤ 10%) и Лабораториски наод, издаден од сертифицирана/акредитирана лабораторија (лаборатории)
– Сертификати за сообразност на контактниот паковен материјал за соодветната намена
– Расположива документација/Сертификации во однос на следливост на условите на чување и транспорт на материјалот во сите фази (GDP, релевантни ISO стандарди)
Понудите да се доставуваат до: РЕПЛЕКФАРМ ДООЕЛ Скопје, ул. Козле 188, 1000 Скопје
Контакт телефон: (02)3081343