Мицкоски: За мене ова е историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, причина за малата разлика во бројот на гласови помеѓу двете партии по првиот круг е тоа што од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ излегле неколку партии. Сепак тој вели дека е задоволен од изборниот резултат.

-За мене е ова историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО –ДПМНЕ на овие избори освои 42,5 проценти од вкупниот број на гласачи кои излегле да гласаат. Тоа е многу повеќе од изборите во 2004 каде имаме 34% од гласовите и изборите од  1999 година со 21,1% од гласовите. Изборите во 1994, 2009 и 2014 година апсолутно не се споредуваат бидејќи тоа биле избори заедно со парламентарни и заедно со локални – рече Мицкоски во вчерашното гостување на ТВ24.

Поврзани новости