530
Предмалку ДИК на својата веб страница ги објави сто отсто преброените гласачки места во Скопје, според кои Петре Шилегов од СДСМ победи во првиот круг и стана градоначалник на Скопје.
Шилегов освои 50,32 отсто или 141.119 гласови. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, освои 36,18 отсто или 101,464 гласови.
Попладнево и пред да бидат преброени сто отсто од гласачките места, Шилегов прогласи победа во прв круг и порача дека се раѓа ново Скопје.
-Новото Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни, во Скопје имаме победа во првиот круг,“ изјави Шилегов на денешната прес-конференција.