Официјално барање до Израел да отвори постапка за коруптивниот скандал во Македонија

by Фокус 10:17
10:17

 

“Има Иднина” денес и официјално достави барање до Министерството за Правда во Израел, за отпочнување на истражна постапка за наводите за инволвираност на нивниот граѓанин Хаим Хакеини и фирма од Израел во коруптивниот скандал во Македонија.

- Advertising -

Во официјалниот допис кој го достави Има Иднина помеѓу другото пишува:

Се обраќаме официјално до Министерството за Правда, и се повикуваме на членот 291А од Казнениот Закон на Израел, според кој се забранува понуда или поткуп на официјални претставници од странски држави со цел да се добие бизниз зделка или остварување на директна предност како резултат, преку поткупот на официјални лица кои може да влијаат на бизнис активноста.

Во дописот кој го достави ИМА ИДНИНА се наведени и неодамнешните написи во израелските медиуми кои детално информираа и продолжуваат со истражување за коруптивниот скандал кој повеќе од една година ја тресе Република Македонија.