Хајндл повторно во Скопје

by Фокус

Специјалниот пратеник за Македонија на германското Министерство за надворешни работи, Јоханес Хајндл, ќе допатува во дводневна посета на Скопје, соопшти германската амбасада.

„Надоврзувајќи се на неговата посета од минатата недела, aмбасадорот Хаjндл одново ќе разговара со партиите-потписнички на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски“, стои во соопштението.

Хајндл при минатонеделната посета соопшти дека е дојден да слуша и дека потоа на следната посета, во координација со ЕУ и САД, ќе излезе со конкретни предлози за решавањето на политичката криза. По одложувањето на изборите на 5-ти јуни и силните пораки на САД за повлекување на аболицијата се очекува некакви предлози и од Хајндл.