Официјално: 101 нов случај, 4 починати и 10 излекувани

by Fokus

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

– Скопје 59
– Куманово 12
– Штип 7
– Прилеп 1
– Тетово 5
– Струга 6
– Велес 1
– Охрид 1
– Кавадарци 1
– Гостивар 3
– Кочани 3
– Пробиштип 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84-годишна пациентка од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во Градската општа болница „8 Септември“ починаа тројца пациенти: пациент од Тетово (75 г.) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71 г.) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58 .г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти: 2 од Тетово и 2 од Велес.

Досега во земјата се направени вкупно 32 161 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 492, бројката на оздравени пациенти е 1 605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Поврзани новости