Две вработени во градинки во Штип заразени со Ковид-19

by fokus

Од новите 101 потврдени случаи на заразени од корона вирусот, ви изминатите 24 часа, двајца се вработени во градинки во Штип.

-Од вкупниот број направени тестови 974 во изминатото деноноќие, 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Поврзани новости