497
И официјалниот сајт на Евровизија објави за смртта на македонскиот пејач и некогашен претставник на најпопуларниот фестивал, Влатко Илиевски.
-Пејачот кој ја претставуваше Б.Ј.Р. Македонија во 2011 на Евровизија во Дизелдорф со песната „Русинка“, почина. Во текот на оваа недела Влатко го прослави неговиот 33-ти роденден. Во 2007-та, Б.Ј.Р. Македонија исто така на загуби уште еден поранешен претставник на Евровизија, Тоше Проески на млади години (26), кој загина во сообраќајна несреќа“, пишува Eurovision.tv.
Во име на целата евровизиска заедница, тие изразија сочуство до најблиските.