Оер: Сегашната ситуација е проблем, но има и други проблеми

by Фокус

Политичката криза во Македонија е загрижувачка, но и покрај тоа постојат и други проблеми кои граѓаните треба да ги третираат, изјави денеска француската амбасадорка Лоренс Оер.

Според неа, една од клучните работи на кои Македонија треба да работи се медиумите, кои треба да бидат транспаренти и да работат во нормални услови. Моменталната ситуација, како што рече Оер, е вистински проблем, но во државата постојат и други работи кои се важни за во иднина, а на кои сите заеднички треба да поработиме.

Проблемот со медиумите е нотиран и во последниот извештај на Европскиот парламент за напредокот на балканските земји во евроинтеграциите, објавен вчера. Според овој извештај, Македонија е на прво место според недостатокот на слободата на медиумите и корумпираноста.

Поврзани новости