Има многу работи за кои денеска се преговара, во однос на функционирањето на судството, функционирањето на собранието, функционирањето на медиумите, функционирањето на сè, но најважно е да се дефинира транзициониот период – кој и што ќе прави во тој транзиционен период, вели амбасадорката на Франција во земјава Лоренс Оер во интервју за Радио Слободна Европа.
Според неа институциите треба да дадат институционален одговор, по објавените прислушувани разговори и треба да се разјаснат сите малверзации коишто беа откриени преку нив и македонските институции треба да отпочнат судски процеси и не станува збор само за состанок меѓу четирите политички партии, туку навистина е неопходно за сите овие прашања коишто се структурни, но исто така и тешки, за коишто слушаме веќе со месеци во телефонските прислушувани разговори, сите тие се прашања кои треба да бидат отворени и решени.